Извршител „му скина“ 2,2 милиони евра на Министерството за финансии, причините се таинствени
Објавено во: Економија 17 Август, 2021 07:25
Извршителот Дашмир Саити наплатил милион евра само од камата од
Министерството за финансии, но од таму не се расположени да образложат за кој
судски спор станува збор и кој е доверителот во овој случај. Од таму не се
нешто посебно расположени да одговорат на испратените новинарски прашања и да
дадат објаснување по повеќе од десет изминати дена, што оди во прилог на
констатацијата дека колку повеќе една владеачка гарнитура е на власт, толку
поголеми се шансите да се намалува транспарентноста.
На сметката на извршителот од Тетово на почетокот на јули биле исплатени од Министерството за финансии 59.774.825 денари. За основниот долг се исплатени 76.651.656 денари, додека наградата за извршената наплата е 746.860 денари. Вкупната исплата на 7 јули е 137 милиони денари, или над 2,2 милиони евра, што може слободно да се каже дека историски е најголемата исплата кон еден извршител од страна на која било државна институција.
Претходно, Агенцијата за млади и спорт минатата есен за еден ден му исплати 50 милиони денари на сметката на извршителот Дашмир Саити од Тетово, а 22,13 милиони денари од оваа сума се за казнени камати. Од Агенцијата за млади и спорт потврдуваат дека е реализирано ова извршно решение и дека се работи за загубен судски спор, но поконкретно не соопштија кој е тужителот и која е причината за долгот, нита пак од кога датира.
Подоцна прозилезе дека станува збор за спор околу недоизградената спортска сала во кампусот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Изведувачот ја добил Агенцијата на суд и за тоа наплати 810 илјади евра. Подоцна од случајот се очекуваше разврска на Врховен суд.
Според податоците од Министерството за правда, во текот на ланската година извршителите наплатиле вкупно 580.095.121 денари, или нешто помалку од 10 милиони евра, кога државата била тужена. Тоа е нешто повеќе од 7 отсто од сумата на севкупно наплатените извршни решенија во земјата во 2020.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




