Ja создаде вакцината и кажа кога светот ќе продолжи со нормалниот живот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Ноември, 2020 14:39
Животот треба да се врати во нормала до следната зима, изјави еден од научниците што ја создаде вакцината, проф. Угур Сахин. Сахин, коосновач на БиоНТек.
Објасни дека оваа зима сепак ќе биде тешка затоа што вакцината нема да има големо влијание врз бројот на инфекции.
Во интервју за „Би-Би-Си“, професорот Сахин изјави дека е убеден дека вакцината ќе го намали пренесувањето на вирусот меѓу луѓето и дека ќе го запре развивањето симптоми кај оној што ја примил.
Минатата недела од БиоНТек, што ја развива вакцината заедно со „Фајзер“, изјавија дека прелиминарната анализа покажала дека нивната вакцина може да спречи повеќе од 90 отсто од луѓето да добијат ковид-19.
Вакцината веќе е тестирана на околу 43.000 луѓе.
Можно е вакцината да го преполови пренесувањето на вирусот, рече научникот.
Вирусот „коси“ во Европа, и во светот.
Над 54.4 милиони луѓе во светот се заразени, а починаа 1.3 милиони.
САД, Индија и Брзил имаат најмногу заразени, а зад нив се Франција, Русија и Шпанија.
Повеќе земји работеа и работат на пронаоѓање на ефикасна вакцина против вирусот.
фото ДПА
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




