ЈА ЗГРОЗИЈА ЈАВНОСТА: Осум дена притвор од штипскиот суд за насилниците
Објавено во: Македонија 03 Април, 2020
Насилниците од Штип кои тепаа беспомошна девојка, како и што бараше Обвинителството, заработија осумдмевен притвор.
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип донесе одлука за осумдневен притвор за двајцата штипјани, на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда.
Оваа информација на Фејсбук ја потврди и заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.
„Одредена е мерка притвор за двајцата насилници од кои вчера целата македонска јавност беше згрозена. Санкции мора да има“, напиша Петровска.
Инаку, осомничените заедно пред два месеци извршиле грубо насилство врз девојка од Штип, а ОЈО Штип поднесе предлог за определување притвор на двете лица.
Тие и си го снимале настанот, па откако вчера видеото беше објавена, целата јавност во земјава беше скандализирана и бараше најстрога казна за овие млади насилници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.