ЈАКИМОВСКИ ДО ДИМИТРИЕВСКИ: Дали Македонците се нација од 1944 година?
Објавено во: Македонија 05 Април, 2024
Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски денеска во Гостивар изјави дека е против внесување на Бугарите во македонскиот Устав и постави три прашања до сите политичари и претседателски кандидати кои велат дека ќе ги поддржат уставните измени.
„Јас само сакам да го прашам и господинот Димитриевски и сите кои предлагаат промена на Уставот за влез на Бугарите во Уставот, но со одложено дејствување. Кажете им на граѓаните, дали Македонците се нација од 1944 година, дали македонскиот јазик е нарчеје на бугарскиот јазик и дали Гоце Делчев, Јане Сандански и другите македонски дејци, Димо Хаџи Димов и така натаму, се македонски дејци или се Бугари по род како што тоа го тврди бугарската историографија“, праша Јакимовски.
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска со својот караван „Максим за Македонија“ е меѓу граѓаните на Берово, Делчево и Македонска Каменица. Тој им порача на граѓаните да ги анализираат сите понуди и потоа да донесат одлука.