19 Декември, 2025
0.0684

ЈАМКАТА ОКОЛУ ДАВИТКОВСКИ СЕ СТЕГА: Најголемиот акционер во „Скопски пазар“ бара смена на цел Надзорен одбор!

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2016 07:50

Добивај вести на Viber

„Современ дом“ бара акционерско собрание зашто се сомнева дека актуелното раководство работи спротивно на Законот за трговски друштва и го загрозува работењето на „Скопски пазар“ Прилепската компанија „Современ дом“ достави предлог до акционерското собрание на „Скопски пазар“ да се разрешат сите членови на Надзорниот одбор на таа компанија. Акционерското собрание треба да се одржи на 28 јули (за пократко од еден месец) и во образложението на предлог одлуката за смена на Надзорниот одбор пишува дека разрешување се бара затоа што Надзорниот одбор не успеа да ги спречи  управните органи во спроведувањето на многуте незаконски активности. Активности  кои сериозно го загрозуваат континуитетот во работењето и ја загрозуваат ликвидноста на „Скопски пазар“. Актуелни членови на Надзорниот одбор се: Предраг Милосављевиќ –претседател, а членови се Сашо Арсов, универзитетски професор и Ѕвонко Стојчев. „Современ дом“ е најголем поединечен акционер во „Скопски пазар“ и поседува 15 отсто од акциите со право на глас. За прв пат во македонската акционерска историја се случува најголем поединечен акционер да поднесе предлог за отповикување на надзорен одбор. Воедно прв пат се случува најголем поединечен акционер да биде опозиција во акционерско друштво во кое поседува акции. За истото акционерско собрание закажано кон крајот на јули поставени се неколку точки на дневен ред. И тие точки произлегуваат од сомневањата на најголемиот акционер во работењето на актулениот управен одбор на „Скопски пазар“. Затоа се бара избор на овластен ревизор за вршење увид, ревизија и проверка и уверување или поврзани услуги во делокругот на активности на трговското друштво кои се однесуваат на постоење можни нерегуларности во водење на трговските книги и активностите на трговското  друштво кои се спротивни на Законот на трговски друштва. Воедно „Современ дом“ бара и обелоденување на зделки со заинтересирана страна, обелоденување голема зделка и разумно уверување во однос на претпоставката за континуитет на друштвото. Според податоците од акционерската книга на „Скопски пазар“ од 7 јуни, „Современ дом“ поседува 10611 акции во оваа компанија, потоа следува Тодорка Давитковска со 8055 акции, па Сашо Давитковски со 7548 акции. Од 7 јуни досега Давитковски продаде уште дополнителни околу 350 акции на некогаш една од најголемите мало продажни трговски компании. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра