05 Декември, 2025
0.1226

Јанакиески бара казни за виновниците за поништената продажба на земјиштето

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2014 00:26

Добивај вести на Viber

Продажбата на државното земјиште во Маџир маало во Општина Центар е поништена поради пропуст во Катастарот, објасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Утврдено било дека дел од земјиштето е во приватна сопственост на физички лица. Сопствениците се јавиле во Министерството и понудиле докази дека имотот им бил вратен со денационализација.

„По извршениот увид  од страна на Катастарот сме известени дека е направен превид во  документацијата која за ова земјиште е доставена до Министерството за транспорт и врски“, рече Јанакиески

Министерството за транспорт и врски, постапувајќи по доставениот приговор од страна на сопствениците на земјиштето,  согласно член 56 став 7 од Закон за градежно земјиште ја поништи постапката за отуѓување на градежното земјиште, а сите уплатени средства од страна на најповолниот понудувач ќе бидат вратени во целост. Со оглед на тоа што со купувачот се уште не е склучен договор, тој нема основ за тужба.

Јанакиески ја повика Агенцијата за катастар на недвижности да преземе соодветни мерки против вработените кои ја направиле грешката, бидејќи, како што рече, „не воведе во една непријатна ситуација и мене како ресорен министер, но пред се, Комисијата за јавни наддавања. „Исто така, сакам да се извинам на приватните лица на кои во 2009 година, согласно Законот за денационализација ова земјиште им било вратено“, рече Јанакиески.

Според него, тоа е прв случај во кој е постапено врз основа на добиени неточни податоци, иако досега се отуѓени повеќе од 1.000 локации.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите