Јанакиески ги додели клучевите за новите социјални станови во Берово
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2013 15:45
Триесет семејства денеска се вселија во новите станови во објектот за социјални станови во Берово. Становите беа изградени според Програмата на Владата на Република Македонија, а семејствата ги добија согласно јавниот оглас и по пат на јавна електронска распределба.
Клучевите од нови станови денеска во Берово им ги предадоа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Берово, Драги Наџински.
Министерот за транспорт во своето обраќање пред присутните истакна дека станбената политика е еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и им порача да ја чуваат новата зграда зашто тоа е нивниот иден дом.
Проектот за изградба и одржување на социјални станови континуирано се имплементира. Во рамките на овој проект досега се распределени социјални станови во градовите Македонска Каменица, Скопје, Охрид, Кичево, Кочани, Кавадарци, Крива Паланка и Битола.
Наскоро ќе биде објавен нов јавен оглас за социјални станови во Берово со дополнителни 21 стан.
Целокупниот број опфаќа изградба на 35 објекти во 26 градови во Македонија со повеќе од 1.700 станови.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





