Јанакиески: Градежните компании да обезбедат повеќе стипендии за студентите
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2013 14:43
Општествено поодговорни, да стипендираат повеќе студенти од областа и да дадат поддршка во стекнувањето практични знаења, побара денеска од градежните компании министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Јанакиески на одбележувањето на јубилејот, 64 години од постоењето на Градежниот факултет им посочи на студентите дека во наредниот период повеќе работа ќе има во таканаречената ниска градба. Нагласи дека градежништвото во изминатиот период, посебно годинава има раст од над 30 проценти и има голем придонес за зголемување на бруто домашниот производ во Република Македонија.
- Градежништвото во последните три години е основна гранка, која стимулира раст во економијата во Македонија, а така ќе биде и наредните четири години. Наредната година планираме градба на два афтопати, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид и за изградба на пругата кон Бугарија. Повеќе работа ќе има во т.н. ниска градба, како замена за високата градба во која имаше повеќе активности изминатите години. Очекувам дека во наредниот период најмногу ќе се бараат лица од ниска градба, рече Јанакиески.
Во наредните две-три години, тој им укажа на студентите дека ќе има намалување на работите во геодезијата, да внимаваат кога ќе го одбираат смерот.
Ресорниот министер најави дека ќе организира средба со претставници од Градежниот факултет и компаниите за поголем број стипендии и повеќе пракса за студентите, почнувајќи од прва година.
- Да почнат со пракса уште од прва година, бидејќи кога ќе звршат најголем дел од своето време ќе треба да го поминуваат на терен. Што побрзо да влезат во реалното, а со тоа и брзо ќе може да ја совладаат материјата, истакна Јанакиески.
Градежниот факултет е еден од двата најстари технички факултети во Македонија. На денешен ден пред 64 години почна наставата на тогашниот Технички факултет со двата оддела, градежен и архитектонски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





