05 Декември, 2025
0.1504

Јанакиески: И до Охрид ќе се вози по автопат

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2012 11:26

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија е цврсто решена да ја подобри патната инфраструктура во земјава и во изминатиот период континуирано имплементираме повеќе проекти со кои се овозможи изградбата на голем број нови локални патишта, реконструкцијата на регионални патишта, но и изградба на автопат – во делот на комплетирање на патниот Коридор 10, истакнува министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во интервју за порталот економски.мк. „За дел од патиштата кои претходно беа предвидени да се градат по пат на концесија, со оглед на тоа што немаше интерес од страна на компаниите, ние овозможивме алтернативен извор на финансирање. Користејќи ги преференцијалните кредитни линии, во соработка со „Експорт Импорт Банката“ на Кина планирана е изградба на патните правци Миладиновци – Штип, Штип – Кочани, Кичево – Охрид и Охрид – Св. Наум“, вели Министерот и додава дека очекува наскоро да се комплетираат процедурите и во првиот квартал на 2013 година да започнат градежните активности на делницата Миладиновци – Штип, за која и веќе е изработена целокупната документација. Во делот на патарините, Јанакиески вели дека во текот на месец октомври 2012 година потпишан е договор за давање на консултантски услуги со Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC), која е ангажирана како финансиски трансакциски консултант за изградба, одржување и наплата на патарина на делницата Гостивар – Кичево и одржување и наплата на патарина на делницата Скопје – Гостивар. Според договорот, вели тој, консултантот ќе има задача да обезбеди консултантски услуги и изработка на студии и анализи, а исто така до Владата на Република Македонија да предложи финансиски модел и мерки на имплементација на проектот за концесија на патните правци. Ангажманот на консултантот ќе биде се до моментот кога Владата ќе потпише договор со потенцијалниот најповолен понудувач, појаснува Јанакиески.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец