05 Декември, 2025
0.0432

Јанакиески: На лето почнува да се обновува и автопатот Велес – Скопје

Објавено во: Македонија 14 Март, 2014 12:08

Добивај вести на Viber

Кон средината на годинава ќе започнат градежните работи на реконструкција на автопатската делница Велес - Скопје, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Во финална фаза е изборот на градежна компанија и надзор. Очекуваме кон средината на оваа година да почнат градежните активности“, вели Јанакиески. Автопатската делница Велес - Катланово е долга 23,5 километри, а се проценува дека градежните работи ќе чинат околу 8 милиони евра. Претходно веќе беше реконструиран автопатот во обратен правец Катланово - Велес. На јавниот повик за изведба на реконструкцијата се пријавиле три компании, оценката на нивните понуди е веќе завршена и е испратена до Делегацијата на ЕУ во Скопје. Најдоцна до септември следната година треба да бидат зајакнати и обновени и 13 моста по трасата на делницата Велес-Катланово на Коридорот 10. Нивната обнова ќе чини 8,6 милиони евра, а парите се обезбедени од НАТО преку Проектот за обнова на мостовите во Македонија. „Моментно веќе се работи на реконструкција на три од планираните 13 мостови. Градежните работи се одвиваат согласно динамиката. Комплетната реконструкција треба да заврши до септември 2015 година“, најави Јанакиески, кој денеска ја посети локацијата каде во тек се активности за обнова на мостовите на патниот правец Велес-Скопје кај штипската клучка. Претходно во соработка со НАТО во тек на првата и втората фаза од проектот беа реконструирани 51 мост со должина од 4.090 метри, со инвестиција од 23 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија