05 Декември, 2025
0.0361

Јанакиески открива- што ќе се гради во 2013-та?

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2013 15:39

Добивај вести на Viber

Минатата година се завршени вкупно 74 локални патиштата со вкупна должина од 168 километри за што се инвестирани околу 800 милиони денари, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. За годинава тој најави реконструкција на 32 локални патишта во 19 општини во соработка со Светска банка, а во соработка со Европската банка  за обнова и развој ќе има дополнително уште 80 проекти за кои веќе имало склучено договори. „Ова значи, над 100 локални патишта планирано е да се реконструираат во текот на 2013 година“, истакна Јанакиески. Во однос на регионалната патна мрежа истакна дека е предвидено да има градежни активности за инфраструктурно поврзување на Сончев град. Планирани се градежни активности на патниот правец Ангелци-Вељуса-Водоча, информираше Министерот кој очекува годинава да заврши изградбата на патниот правец Радовиш - Конче, Кавадарци-Мушев гроб и да почнат градежните работи на патниот правец од Арачиново до Липково и од Бошков до Гарски мост. Во тек е јавен повик за изградба на клучката Брвеница и за завршување на проектот Тетово-Јажинце, посочи Јанакиески. Кон крајот на годината се очекува да започнат градежни активности  изградба на патниот правец Велес-Кадрифаково и да започне и реконструкција на вториот дел од Коридорот 10 од Велес до Катланово. Планови за инвестиции во железницата

Во делот на инвестирање во железничката инфраструктура, Јанакиески рече дека во следните два месеца би требало да има повик за ангажирање компанија за изградба на железничката пруга до Бугарија во делот од Куманово до Белјаковце. Во однос на вториот дел на пругата од Белјаковце до Крива Паланка обезбедени се средства и веќе се подготвува проект што треба да биде готов до крајот на оваа година.

За пругата кон Албанија, Министерот информираше дека има повик, повторно преку ИПА фондовите, за избор на компанија која во текот на 2013 година и 2014 ќе го изработи проектот за оваа делница.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип