Јанакиески: Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ тече според планираното
Објавено во: Македонија 27 Април, 2013 18:43
Со изградба на фекалната канализација за прифаќање и третман на отпадните води во општина Илинден трајно ќе се реши проблемот за над 1.000 жители, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
При денешната посета на општина Илинден и населеното место Кадино каде што се гради фекална канализација, Јанакиески потсети дека секое семејство месечно издвојувало од 1.000 до 2.000 денари за празнење на септичките јами.
- Претходно жителите имаа септички јами и секое семејство мораше месечно да издвојува меѓу 1.000 и 2.000 денари за празнење на тие септички јами. Значи покрај тоа што ќе се реши проблемот со канализацијата семејствата ќе имат заштеда од околу 2.000 денари, рече Јанакиески.
Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“, додаде тој, тече според предвидената динамика, а се реализира со средствата кои ги доби Владата од Европската инвестициска банка. Во негови рамки завршени завршени се шест проекти, а на 24 локации во 24 општини низ државата се одвиваат градежни работи.
Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски информира дека изградбата на канализациската мрежа во населеното место Кадино е во должина од 4.000 метри и пречистителната станица е со капацитет за 1.250 еквивалент жители.
- Целта е да го реализираме проектот заради подобрување на условите за живеење на граѓаните, изјави Стојановски.
Проектот за изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води содржи канализациски систем со пречистителни станици кои се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи кои што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители. Градежните активности треба да завршат до крајот на годината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез





