ЈАНЕ ЗАКРЕПНУВА ПО ОПЕРАЦИЈАТА ВО ПАРИЗ: Еден ден и јас ќе играм фудбал
Објавено во: Стил 21 Септември, 2018 10:58
Десетгодишниот Јане Велковски, чија приказна за фудбалската љубов го обиколи светот, вчера се оперираше во Париз.
Јане, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА), операцијата на 'рбетот ја поднел добро, и се очекува брзо да закрепне и да се врати на училиште, не информираше неговата мајка, Деница Велковска.
“На Јане му правеа операција на 'рбетот, му ги менуваат шипките што му го држат исправен. Првите, помали шипки му ги ставија во 2015 година, и му ги продолжуваа на секои шест месеци. Сега тој е пораснат, и требаше да му стават поголеми. Шипките се викаат MAGEC growing rods, а начинот на операција е најнеинвазивна метода кај деца кои се во раст и во развој. Се продолжуваат со магнет однадвор, за разлика од други методи каде што мора да се продолжуваат со отварање, класичен хируршки зафат на секои шест месеци. Јане е добро, операцијата полесно помина од првиот пат, и се очекува побрзо да закрепне“, ни изјави Деница Велковска.
Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





