25 Ноември, 2024
0.0270

ЈАНЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Министерот за здравство да го има помалку во медиумите, да водиме дијалог без предрасуди

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите по стартот на новата година Фактор објавува изјави од медицински експерти, професори, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во оваа година.

Светозар Јаневски е претседател на УО на ВВ „Тиквеш“. Неговата желба е да имаме оптимистички поглед на оваа година и да ги примениме лекциите на кои не научи претходната. Министерот за здравство да го има помалку во медиумите, но и да размислуваме пошироко, како да дадеме свој придонес за општетството. Јаневски посакува и секој млад човек кој ќе заврши факултет да ја гледа иднината тука, во својата земја. Ние како граѓани да не се делиме на наши и ваши, туку да се слушаме едни со други и да водиме дијалог без предрасуди. Општетството да не се дели етнички и политички, туку да се обединиме за прашањата од заеднички интерес. За бизнисот ќе биде значајно да се поддржат инвестициите и инвеститорите, што ќе обезбеди работни места, особено за младите... Едноставно, сите ние а и светот околу нас, да биде посреќен, како што го паметиме од едни убави времиња...

„Секоја година е и шанса за нов почеток, можност да бидеме подобро и да бидеме подобри. Оттука, би сакал да имаме оптимистички поглед на оваа година и вистински да ги примениме лекциите на кои нé научи претходната. Ранливоста на која секој од нас беше изложен, фактот дека никој не е имун и сите сме подеднакво погодени од вакви случувања, само повеќе ја потенцираат потребата да бидеме солидарни, да мислиме далекусежно, да се грижиме за општиот интерес и едни за други.

Од тој аспект, годинава посакувам министерот за здравство да го има поретко во медиумите, без разлика на тоа колку се навикнавме да го гледаме. Се надевам дека онаа состојба на анксиозност и страв, која се јави кај поголем дел од нас, повеќе ќе нема причина за да продолжи да опстојува и дека брзо ќе закрепнеме.

Исто така, посакувам годинава да размислуваме пошироко, во насока на тоа како можеме да дадеме придонес за развој на нашата земја и општество. Постојано да размислуваме за тоа што сакаме и што можеме да направиме во оваа земја, особено младите луѓе. Секој млад човек кога ќе излезе од факултет да ја гледа својата иднина тука и да размислува за својата иднина и за иднината на својата земја.

Би сакал да можеме да се чуеме едни со други, да водиме дијалог и без предрасуди да го слушнеме мислењето и ставот на другиот, не отфрлајќи ги само затоа што не се „наши“, туку да ги цениме и прифатиме без осудување доколку се конструктивни и доколку водат кон просперитет и напредок.

Понатаму, би сакал да нема поларизација на општеството по различни основи, особено етнички и политички. Да се обединиме за сите прашања што се од заеднички интерес и интересот на граѓаните во целина. Тоа да биде основа за сите одлуки и активности што се прават на политички и економски план.

Значајно е да се поддржат инвестициите и сите позитивни чекори на инвеститорите со кои се овозможува економски развој и просперитет. Ова ќе обезбеди услови за вработување, особено на младите, за создавање вредност за целата земја и за сите нејзини граѓани. Истовремено, посакувам приватните инвеститори при донесување на одлуките, покрај одржливиот развој на бизнисот, да го имаат предвид и јавниот интерес.

Едноставно, сакам сите ние да бидеме посреќни и светот околу мене и околу сите нас да биде среќен, онака како што го знам и го паметиме од едни други времиња, кога бевме побезгрижни, со поголем ентузијазам и со појасна перспектива за иднината.

Мислам дека треба сите да вложиме напори повторно да ја создадеме таа перспектива и да создадеме општество на среќни поединци кои ќе бидат исполнети со она што го прават и со придонесот што притоа го даваат за просперитетот на целото општество“, вели за Фактор Светозар Јаневски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија