17 Декември, 2025
0.0384

Јанез Јанша испратен во затвор со аплауз

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2014 20:17

Добивај вести на Viber

Аплауз и солзи - вака поддржувачите на поранешниот словенечки премиер и лидер на опозицијата Јанез Јанша попладнево го испратија политичарот во затворот Доб, каде што треба да издржува затворска казна од две години за аферата Патрија. Јанша го испрати и неговата сопруга, која беше видно емотивно потресена и не успеа да ги скрие солзите, јавуваат словенечките медиуми. Поранешниот словенечки премиер е осуден за примање поткуп при набавката на оклопни возила од страна на финската компанија „Патрија“. (ФОТО) Јанша се пофали на Твитер – го бараат во затвор! Пресудата може да ја укине Врховниот суд, до кој е поднесена претставка, но оваа судска инстанца уште не донела одлука. Јанша до последен момент ја оспорува пресудата против него и негира каква било инволвираност во оваа афера. Тој смета дека целата постапка против него се водела политички. Во истото веруваат и неговите приврзаници, кои денеска го испратија до портите на затворот со извици на поддршка, но и на протест.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии