15 Декември, 2025
0.0277

ЈАПОСКИОТ ГИГАНТ „ПАНАСОНИК“ ОТПУШТА 10 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ - еве кои сектори ќе бидат најпогодени

Објавено во: Економија 09 Мај, 2025 11:32

Добивај вести на Viber

Јапонскиот гигант „Панасоник Холдингс“ објави дека планира да го намали бројот на вработени низ целиот свет за 10.000 работници.

Овој потег ќе биде имплементиран во фискалната година што завршува во март 2026 година. Компанијата ќе идентификува технолошки вишок во оддели како што се човечки ресурси и сметководство, објавиjа светските медиуми.

Јапонската фирма, исто така, соопшти дека ќе разгледа некои од своите организациски единици, вклучувајќи ги и оние што произведуваат телевизори, кујнски апарати, индустриски мотори и автоделови, за да одлучи за потенцијална продажба.

Одлуките ќе бидат донесени во текот на фискалната година што завршува во март 2026 година и ќе бидат спроведени следната година, според соопштението на компанијата.


Во соопштението на „Панасоник“ е наведено дека во текот на оваа фискална година ќе отпушти 10.000 вработени, по 5.000 во Јапонија и во странство, со цел да се запре падот на профитот преку реструктуирање и пренасочување на работењето кон области со повисок раст.

- Ќе го забрзаме преминот кон попрофитабилни сектори, ќе се потпреме на напредни технологии за вештачка интелигенција и ќе се фокусираме на сегменти што носат раст - ​​се наведува во официјалното соопштение на компанијата од Осака.

„Панасоник“ изјави дека трошоците за реструктуирање во фискалната година до март 2026 година ќе изнесуваат околу 130 милијарди јени, односно 895 милиони долари, пренесува „Блумберг“.

Секторите за индустриски апарати и телевизори, кои бележат низок раст, ќе бидат најпогодени, бидејќи компанијата планира значително да ги намали, па дури и да затвори некои од нив.

„Панасоник“ е еден од клучните партнери на американската компанија „Тесла“ на која ѝ испорачува батерии за електрични автомобили, но промената на приоритетите јасно покажува дека јапонската компанија бара постабилни извори на приход и поголема оперативна ефикасност. 

Како што беше најавено уште во февруари, „Панасоник“ има за цел поврат на капиталот (ROE) од најмалку 10 проценти до фискалната 2029 година.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети