Добивај вести на Viber
ЈАТ ервејз моментално должи 170 милиони евра, изјави директорот на националната авионска компанија Владимир Огњеновиќ, истакнувајќи дека ЈАТ нема долгови кон странски доверители. Огњеновиќ рече дека од тој вкупен долг ЈАТ должи 55 милиони евра на банките во стечај, чиј најголем доверител е државата. Покрај тоа, според него ЈАТ должи и 70 милиони евра на име кредити за кои државата дала гаранции. Огњеновиќ рече дека преостанатиот долг е исклучиво кон домашните доверители, од кои најмногу на белградскиот аеродром Никола Тесла и НИС.