ЈАВЕН ПОВИК за дизајнери, дизајн студија и маркетинг агенции за деловна соработка со компании од прехранбено-преработувачката индустрија
Објавено во: Економија, Мои пари, Финансии 18 Август, 2016 08:00
Македонската асоцијација на преработувачи и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability - IME) повикуваат дизајнери, дизајн студија и маркетинг агенции да конкурираат на јавениот повик за поврзување со компании од прехранбено-преработувачката индустрија.
Јавниот повик се однесува на воспоставување на деловна соработка помеѓу претставниците на креативните индустрии и компаниите од прехранбено-преработувачката индустрија кој ќе биде овозможен преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост. Деловната соработка ќе опфаќа подготовка на комплетно продукт портфолио за компании од прехранбено-преработувачката индустрија (визуелен идентитет), ребрендирање на постоечки производи и лансирање нови производи под постоечки брендови.
Физичките и правните лица кои ќе се јават на повикот треба да достават:
- Лична биографија и портфолио (за физички лица)
- Портфолио на компанија (за правни лица)
Повикот е отворен од 11.08.2016 до 22.08.2016 година, а биографиите и портфолијата треба да бидат доставени на следниве адреси:
marjan.stepanovski@predaplus.eu
Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IncreasingMarketEmployability - IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Целта на програмата е повеќе работоспособни мажи и жени, особено младите, да бидат ангажирани во одржливо, пристојно вработување или само-вработување и/или да заработуваат повисоки примања.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?






