Јавниот долг расте со „брзина на светлината“
Објавено во: Економија 06 Мај, 2016 10:15
Бројачот на јавниот долг, иако само приближен показател, не мирува ниту секунда, секоја секунда расте за речиси 15 евра просечно.
Во моментов според бројачот тој изнесува 4 милијарди 385 милиони евра или речиси 47.85% од бруто домашниот производ.
Висината на вака високиот долг е уште еден историски неуспех на креаторите на економските политики во Македонија – вели дополнителниот заменик министер за финасии во оставка Кире Наумов.
Наумов тврди дека Министерството за финансии со манипулации се обидувада прикаже дека јавниот долг се намалил, иако тој за три месеци се зголемил за 105 милиони евра.
„Во нормални околности износот на проектираниот БДП во овој момент треба да изнесува 9.176,3 милиони евра, како збир на предвидениот БДП од прв квартал од 2016 година со соодветниот раст и реализациите од вториот, третиот и четвртиот квартал од 2015 година“ , укажува Наумов.
Од Министерството за финансии пак велат дека со државен долг од 36,8 отсто Македонија е петта најмалку задолжена земја во Европа. Во првиот квартал од 2016 година државниот долг на Македонија бележи намалување од 38 отсто на 36,8 отсто, додека јавниот долг од 46,5 на 45 отсто. Повеќе задолжени од Македонија се Данска, Шведска, Финска, Холандија, Германија, Австрија, Велика Британија, Франција и други развиени европски економии.
Јавен долг е страна на која може да следите колку Владата не задолжува секоја секнуда.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




