Јавно извинување или Филипче ќе ги тужи ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Март, 2021
Првиот човек на Министерството за здравство, Венко Филипче ќе чека од ВМРО-ДПМНЕ јавно да му се извинат за обвинувањата за незаконска набавка на кинеските вакцини, во спротивно ќе тужи за клевета.
Пратеникот Миле Лефков денеска достави документи до Антикорупциската комисија на кои, како што вели, се гледа дека министерот овластил фантом фирма да посредува во набавката на вакцините, за што фирмата добила и гаранција од 12,5 милиони евра. Лефков побара од антикоупцинонерите да го истражат случајот, за кој вели дека постои сомнеж за криминал и корупција. Филипче вчера на Фејсбук напиша дека не се точни информациите за сумата која ВМРО - ДПМНЕ тврди дека е платена за вакцините, а документите вели дека се целосен фалсификат. Вели дека опозцијата го кочи процесот на набавка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.