18 Декември, 2025
0.5229

Јавно-приватно партнерство пред распаѓање во слободните индустриски зони

Објавено во: Економија 17 Септември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Јавно-приватното партнерство на државата со турската компанија Фидес Сун Енерџи за изградба на фотоволтаични централи, потпишано минатата година, е пред распаѓање. 

Договорот што Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони го постигна во март минатата година е раскинат со одлука донесена минатата година од Владата за изградбата на фотоцентралата во Струга.

Неофицијално, нема никакви активности од турскиот инвеститор ниту во индустриската зона во Струмица, иако овој договор не е раскинат. Фотоцентрали требаше да се градат и во другите индустриски зони под надлежност на Дирекцијата за ТИРЗ, но договори не се склучени. 

Во меѓувреме беше склучен и договор за јавна набавка од страна на Дирекцијата за ТИРЗ со градежната компанија  „Зобек Мининг Груп“ која што за речиси 7 милиони евра  требаше да изврши „уредување и подготовка на земјиште наменето за јавно-приватно партнерство за поставување на фотоцентрали“. Според договорот, оваа компанија, на сметка на државата, требаше да го уредува и подготвува непристапното земјиште во зоните Скопје 1, Скопје 2, Штип, Прилеп, Струмица и Струга за потоа таму да никнат фотонапонски централи. 

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, ни изјави дека државата согласно одлуката на Влада ја започнала постапката за спогодбено раскинување за да не биде оштетена од раскинувањето на ова јавно-приватно партнерство. 

-  До турската компанија „Фидес“ е доставена спогодбата за раскинување на договорот за Струга согласно одлуката на Влада се со цел потпишување од нивна страна, а за Струмица ние ја наплативме тригодишната земјишна такса за отстапување на земјата на приватниот партнер за да бидеме законски чисти. Од кога сум директор, досега не е извршена никаква работа од страна на „Зобек Мининг Груп“ за рамнење на земјиштата, со што не е исплатено ништо кон нив. Тоа со „Зобек Мининг Груп“ е рамковен договор и ако не сработат ништо, ништо нема ни да им се плати, вели Димовски.

Лани во рамки на повикот беа доставени две понуди за изградба на централите - една од избраната компанија, како и една од израелско – кинески конзорциум. Турската компанија требаше да изгради фотонапонски електроцентрали во двете зони со вкупна моќност од близу 8 мегавати. 

10 отсто од приходите остварени од производството на електричната енергија компанијата беше обврзана да ги уплаќа во државниот Буџет, а годишниот наем за земјиштето што требаше да го плаќа е само 40 денари од метар квадратен.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа