Јавноста загрижена за пациентите кои починуваат на помлади години од ковид: Имале ли коморбидитети?
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020
Сите болници во
Македонија каде се лекуваат пациенти болни од корона вирусот, во случај кога ќе
почине пациент испраќаат комплетна документација за самиот пациент, во која има
детални податоци за неговата здравствена состојба. Освен што се наведени податоци
за причина за смртта, има и податоци за дополнителни коморбидитети, потврдуваат
од неколку болници за Фактор.
-Ова е правило кое од секогаш постои. Не само за корона вирусот, туку за сите други болести од кои починуваат пациентите. Целата документација, сега, посебно за пациентите починати од Ковид-19, со детали за историја на болестите кои ги имале, ја испраќаме до министерството за здравство каде што се обработуваат податоците и кои потоа ги доставуваат до јавноста. Не сите починати пациенто од корона вирусот имаат дополнителни здравствени состојби, но најголемиот процент сепак се и со други коморбидитети, посочуваат за Фактор, од неколку ковид-центри.
Но, и покрај тоа што во јавноста има бројни реакции токму за тоа дали починатите пациенти имале и други тешки заболувања, освен што биле заразени со вирусот, во податоците за бројот на починати кои секојдневно се објавуваат, се уште е наведен само полот и возраста и местото на живеење.
-Воопшто не е лесно кога ќе прочитате „починаа пет пациенти од Скопје, најмладиот 32 години“. На ваква информација секако дека јавноста е исплашена, и нормално е да се праша зошто толку млад човек починал...Информациите во време на оваа епидемија навистина се од клучно значење...ова се само дел од некои реакции на граѓаните.
Инаку, бугарското министерство за здравство секојдневно објавува 24 часовна статистика, по што медиумите пренесуваат целосни податоци за починатите пациенти:
Таму во последните 24 часа почина дури 52 пациенти, најголемиот дел од нив се со коморбидитети и тоа:
43-годишна жена со дијабетес;
66-годишен маж со срцеви заболувања;
64-годишен маж со срцево и хронично невролошко заболување;
77-годишен човек со срцеви заболувања;
84-годишна жена со срцево и хронично невролошко заболување;
59-годишна жена со срцеви заболувања, дијабетес и дебелина;
71-годишна жена со хронично заболување на белите дробови;
57-годишна жена со дебелина, хронично заболување на бубрезите и срцето;
58-годишен човек со дијабетес и срцеви заболувања;
48-годишна жена со срцеви заболувања;
59-годишен маж со рак.
Инаку, во неделната статистика што ја објавува Институтот за јавно здравје, има податоци за бројот на починати и топчниот број колку имале други здравствени состојби, односно коморбидитети.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.