15 Декември, 2025
0.3015

Језидите и христијаните во Ирак се соочуваат со истребување

Објавено во: Свет 09 Август, 2014 14:14

Добивај вести на Viber

Американски авион утрово повторно исфрлаа храна и вода за да им помогнат на илјадници припадници на ирачкото верско малцинство језиди да преживеат, бегајќи од џихадистите на екстремистичката Исламска држава. Илјадници цивили од оваа група бегаат во страв, додека екстремистите држат заробени стотици жени во училиштата во вториот по големина ирачки град Мосул. „Веруваме дека терористите ги сметаат за робинки и имаат злонамерни планови за нив. Сметаме дека ќе ги искористат на понижувачки начин за да ги задоволат своите анимални потреби на начин кој е спротивен на човечките и исламските вредности“, рекол локален ирачки официјален претставник. Додека жените се заробени, на интернет се појавија фотографии кои сведочат за масовна егзекуција на 500 мажи и деца од верската група језиди. Исламските екстремисти ги извеле во пустина и ги егзекутирале. Језидите припаѓаат да древна религија која припадниците на Исламската држава ја сметаат за еретичка. За отпадници од религијата екстремистите ги сметаат и шиитските муслимани, додека од христијаните бараат или да преминат во ислам или да плаќаат специјален данок. Десетици илјади припадници на језидите се опколени од џихадистите на планината Синај, под закана дека ќе ги убијат ако се обидат да побегнат. Таму немаат ниту храна ниту вода, па нивниот живот е во опасност. Според податоцитер на Обединетите нации, околу 40.000 језиди, меѓу кои и многу жени и деца се кријат на девет локации на планината Синај, која според локалната легенда, е последната дестинација на чамецот на Ное. „На барање на ирачката влада, започнавме операции за помош на ирачките цивили кои се заробени на планината. Овие терористи се особено варварски настроени кон верските малцинства, вклучувајќи ги христијаните и језидите“, изјави американскиот претседател Барак Обама.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете