„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ Е ДОМАЌИН НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ПЕНЗИСКИ ПАРК ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“
Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2024
Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ е домаќин на најновиот Пензиски парк од општествено одговорната иницијатива во рамки на едукативната кампања „Засади желба“. Со денешната посета на пензиските друштва, „Песталоци“ стана четиринаесеттото училиште кое ја поддржа оваа иницијатива, каде што беше засаден четвртиот и последен парк за оваа година.
Сепак, едукативните активности на Сава пензиско друштво АД Скопје, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје продолжуваат со истата цел. Кампањата „Засади желба за одржлива иднина“ пренесува значајни пораки за важноста на финансиското планирање и одржливиот начин на живот, со цел да се поттикне свеста за пензиското штедење и финансиската едукација кај младите.
Пензиските паркови, како зелени катчиња, не само што го разубавуваат училишниот простор, туку и ја отсликуваат идејата дека инвестициите денес носат плодови во иднината. Пораката за долгорочно штедење и финансиска стабилност е клучна тема за оваа кампања, која низ различни активности поттикнува одговорно размислување кај младите и ги охрабрува да градат свест за одржлива иднина.
Денешниот настан со свое обраќање го отвори директорката на училиштето, Катерина Атанасова, со благодарност до пензиските друштва за едукативната иницијатива, а до присутните се обратија Ена Ковачевска и Неда Блажевска, ученички од деветто одделение, коишто го пријавиле „Јохан Хајнрих Песталоци“ на отворениот повик за садење на Пензиски парк.
„Наставници, соученици, пријатели, наша драга директорка, Пензија.мк и пензиски друштва, сите вие кои го направвте овој проект возможен, благодарение на сите вас и вашата поддршка ние преземавме иницијатива и конкуриравме на овој проект и многу сме благодарни што нѐ избравте.
Нашата најголема мотивација ни беа помалите генерации. Како ученици кои се израснати во ова училиште од прво до деветто одделение чувствуваме должност да го оставиме во најдобра форма. Сакаме да им оставиме нешто на тие првачиња кои сме биле ние пред девет години. Посакуваме и тие да растат во училиште кое е здрава средина за нивните креативни идеи, забавни игри и нивниот втор дом. Ајде сега да направиме промена и да го разубавиме нашиот училишен двор!“ - истакнаа Ена и Неда.
На учениците им се обратија и претставници од пензиските друштва, коишто им ги објаснија придобивките од оваа активност, важноста на финансиското штедење и донесувањето на информирани одлуки.
„Со оваа кампања “Засади желба за одржлива иднина” сакаме да покажеме дека како што се грижиме за природата, така треба да се грижиме и за нашата финансиска сигурност. Вложувањето во иднината преку пензиското штедење значи дека размислуваме за времето кога ќе ни бидат потребни овие заштеди“ - изјави Сузана Бошковска Златаревска, Раководител на Секторот за маркетинг и агентска мрежа во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.
„Со оваа иницијатива сакаме да го истакнеме значењето на информираноста и одговорноста кон иднината. Пензискиот систем е поддршка за генерациите кои доаѓаат и е пример за тоа како внимателното планирање може да обезбеди стабилност за сите нас“ - истакна Марина Мартиновска, Стручен соработник за маркетинг во Триглав пензиско друштво АД Скопје.
„Пензиските паркови кои изминатите 4 години ги засадивме се симбол на одржливоста на пензискиот систем. Секоја засадена садница нека ви биде потсетување дека долгорочното инвестирање во својата пензија започнува додека сте млади“ - додаде Елена Пачоска, Самостоен соработник за маркетинг и организирање на настани во Сава пензиско друштво АД Скопје.
По едукативниот дел, претставници од училиштето и трите пензиски друштва заедно со учениците го засадија новиот Пензиски парк, одбележувајќи уште еден успех со потписот „Засади желба“. Кампањата продолжува да промовира одговорно планирање и финансиско штедење за постабилна и поубава иднина.
Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба за одржлива иднина“ се достапни на веб страницата www.penzija.mk
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
ПР објава
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.