19 Декември, 2025
0.0416

„Изо Стоне“ не издржа ниту еден месец и наплати 6,7 милиони евра за акциите во „Македонијатурист“! Кој ги купи?

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2024 10:14

Добивај вести на Viber

Тетовската градежна компанија „Изо стоне“ не издраж ниту еден месец во „Македонијатурист“. Денеска во две блок трансакции оваа компанија ги продаде сите свои акции во „Македонијатурист“.

Станува збор за трансакции во вкупна вредност од 6,75 милиони евра. Истргувани се вкупно 44.500 акции во „Македонијатурист“. Оваа количина е идентична со бројот на акции кои претходно го имаше тетовската компанија во најголемата хотелиерска фирма во Скопје. Купопродажната цена по акција е над 9.300 денари.

Ова може да значи само едно. Дека Фатмир Етеми се повлекува од намерата да влезе на голема врата во акционерската структура на „Македонијатурист“. Затоа што сопственикот на „Изо стоне“ е бизнис партнер на Етеми.

Ова што денеска се случи на берзата наведува на заклучок дека еден од новите акционери може да биде купувач на акциите или некој што е бизнис партнер во таа заинтересирана страна за акциите во „Македонијатурист“. Засега тоа е во сферата на шпекулациите, а официјално ќе се знае идниот понеделник кога всушност во базата на Централниот депозитар ќе биде објавено кој е нов сопственик на акциите.

Повеќе детали за најновите случувања со акцијата на „Македонијатурист“ на следниот линк https://faktor.mk/mg-feshn-e-noviot-znachaen-akcioner-vo-makedonijaturist---poznatata-kompanija-sega-poseduva-77-otsto-od-hotelskiot-gigant

За работењетона „Македонијатурист“ повеќе информации на следниот линк https://faktor.mk/koi-skopski-hoteli-pravat-profit-od-26-milioni-evra-za-devet-meseci

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии