Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ
Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2024
Новиот роман од популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран утре (14 ноември, четврток) во 20 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, забавата ќе продолжи со настап на „Сирма rock’n’roll бенд“.
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но... таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени. За некои од ликовите можеби не сте чуле или, пак, имате погрешна слика, но сите тие се јунаци. Драг читателу, ти можеш да кажеш дека ништо од ова не е точно, но нема да можеш да не ја дочиташ книгава докрај, затоа што цел живот ќе ти ја јаде душата. Однатре. Тивко, полека.
Зоран Спасов Sоф е познат скопски лик, филантроп и автор на хит-книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Важи за еден од најпродаваните автори во книжарниците „Литератира.мк“.
Книгата „И јас сум Сирма“ ќе биде достапна за продажба за време на промоцијата во МКЦ, како и во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.
ПР објава
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.