14 Ноември, 2024
0.0257

„Вештачка интелигенција во бизнисот – AI in Business“ е новиот модул на A1 Academy

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

А1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПРОДОЛЖУВА ЕКСКЛУЗИВНАТА МОЖНОСТза учење дигитални вештини НА БЕСПЛАТНАТА АКАДЕМИЈА

А1 Македонија најавува нова етапа на својата успешна иницијатива за развој на дигитални вештини наменета за младите и го лансира новиот модул „AI in Business – Вештачка интелигенција во бизнисот“ во рамките на целосно бесплатната академија, „A1 Academy“.

И во овој циклус сите млади од 18 до 25 години, кои сакаат да стекнат нови вештини за интегрирање на AI – вештачка интелигенција во клучни бизнис-функции и практично користење алатки за анализа на податоци, имаат ексклузивна можност за успешно управување со својата професионална кариера.

Предавачи на Академијата се врвни експерти, професионалци во својата област, кои своето знаење ќе го пренесат ставајќи акцент на примери од практично искуство. Овој модул е проширен со специјално предавање од страна на професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со што ќе придонесат кон збогатување на содржините на оваа тема.

– По исклучителниот успех на претходниот циклус на „A1 Academy“, во кој повеќе од 200 млади ентузијасти стекнаа напредни дигитални вештини, Академијата продолжува да поставува високи стандарди во едукацијата на млади луѓе. Како компанија која е целосно посветена кон заедницата и младите, оваа трета сезона воведуваме нов модул „AI in Business“ коj ќе им помогне реалнода ги практикуваат дигиталните вештини неопходни за нивен понатамошен развој. Со новиот модул, студентите ќе имаат можност да го истражат потенцијалот на вештачката интелигенција како клучен фактор за иновации и развој на дигиталниот свет. Ги охрабруваме сите млади да се пријават и да ја искористат можноста за професионален раст и развој во својата идна кариера – изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Апликацијата ќе биде отворена одденес до 22.11.2024г, а академијата официјално почнува на 26 ноември. Сите заинтересирани млади што сакаат да бидат дел од „A1 Academy“ и модулот „AI in Business“ потребно е да ја пополнат апликација, достапна на следниот линк. По завршување на Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

„A1 Academy“ е едукативна програма иницирана и спроведена од А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Што е кредитна историја и како да ја задржите на добро ниво?

Што е кредитна историја и како да ја задржите на добро ниво?

Samsung ја претставува серијата Galaxy A16, која вклучува два нови уреди

Samsung ја претставува серијата Galaxy A16, која вклучува два нови уреди

Есенски извештај – овие трендови не смеете да ги заобиколите при изборот на накит!

Есенски извештај – овие трендови не смеете да ги заобиколите при изборот на накит!

„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ Е ДОМАЌИН НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ПЕНЗИСКИ ПАРК ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“

„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ Е ДОМАЌИН НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ПЕНЗИСКИ ПАРК ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“

РЕКОРДНИ 72.647.378 ДЕНАРИ ДОБИЈА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО ОКТОМВРИ

РЕКОРДНИ 72.647.378 ДЕНАРИ ДОБИЈА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО ОКТОМВРИ

Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ

Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ

Нептун по стапките на eвропските и светски малопродажни ланци - Секој бренд што се осмелува да излезе од својата комфорна зона е храбар бренд

Нептун по стапките на eвропските и светски малопродажни ланци - Секој бренд што се осмелува да излезе од својата комфорна зона е храбар бренд

Промени во менаџментот на Кроациа осигурување АД Скопје - друштво за осигурување живот

Промени во менаџментот на Кроациа осигурување АД Скопје - друштво за осигурување живот

Версиус – малиот робот кој оперира со минимален пристап беше презентиран во „Жан Митрев“

Версиус – малиот робот кој оперира со минимален пристап беше презентиран во „Жан Митрев“