Јордановска: Младите се иднината и тие ќе мора да живеат со последиците од денешните одлуки
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2020
Доколку Македонија наскоро не ги почне преговорите со Европската Унија поради блокада од Бугарија, младите во земјава ќе бидат разочарани и сите надежи за подобра и посигурна иднина ќе паднат во вода.
Политикологот Ивана Јордановска вели дека младите се иднината и тие ќе мора да живеат со последиците од денешните одлуки, било позитивни или негативни. Објаснува дека со членството се отвораат границите за македонски добра, услуги и луѓе, и можностите се зголемуваат многу повеќе.
„Почетокот на преговорите е многу важeн за сите граѓани на Република Северна Македонија, но младите имаат посебно голем интерес истите да почнат час поскоро. Самите преговори значат пренесување и прифаќање на директивите и регулативите на ЕУ, но и зголемен фокус на работата на институциите. Ова значи дека генерално ќе се подобрат услугите коишто им се нудат на граѓаните и области коишто до сега не беа доволно или добро дефинирани и заштитени со закон, со прифаќањето на ЕУ директивите и регулативите ќе бидат унапредени. Само како за пример, ЕУ има навистина развиена рамка за заштита на потрошувачите од различни аспекти. Ние секојдневно сме сведоци на различни измами и продавања „магла“, коишто нема да можат да функционираат повеќе на тој начин. Ова ќе биде директна придобивка за граѓаните. Зошто велам придобивките од преговорите се посебно важни за младите? Со преговорите и влезот во ЕУ, ќе се подобри стандардот, но и квалитетот на живот во државава, но младите се тие чиишто животи најдолго ќе бидат променети доколку станеме членки на ЕУ“, изјави Јордановска.
Таа стравува дека доколку Бугарија стане пречка на македонскиот европски пат, тоа ќе создаде негативни емоции кај македонските граѓани. Смета дека ќе биде вистинска штета доколку Македонија не ги почне преговорите по долги години чекање.
„Евентуалната блокада би била негативна, од повеќе страни. Прво, би го одложила почетокот на преговорите, кои после блокадата на Грција и противењето на Франција, крајно време е да ги отпочнеме. Ние имаме премногу време потрошено занимвајќи се со теми коишто никако не го подобруваат квалитетот на животот и дебатава околу идентитетот е уште една во низа. Второ, се плашам дека ќе креира незадоволство и непријателство кон нашиот источен сосед, што самите тврдат дека се обидуваат да го избегнат. Нивните очекувањата не одговараат со реалноста која што ја живееме. Трето, реалноста е дека секој ден што го поминуваме без да почнеме преговори значи сѐ повеќе и повеќе млади си заминуваат од државата. Ова е многу негативен тренд за државата, но уште поважно, ова значи дека сѐ повеќе и повеќе семејства живеат разделени со километри и на различни страни на светот, поради потрагата за подобар живот. Мислам дека е неопходно да им понудиме на младите можности да останат во државава и да живеат достоинствено, доколку тоа го сакаат“, рече Јордановска.
Бугарските медиуми ги објавија условите кои Македонија треба да ги вклучи во преговарачката рамка, тоа се: добрососедските односи да бидат критериум за членство на Македонија во ЕУ, да се користи официјалното уставно име на државата, а не краткото, и формулацијата за јазикот наместо „македонски јазик“ да биде „официјален јазик“ на земјата-кандидат.
Спорно останува и прашањето чиј е револуционерот Гоце Делчев. За ова прашање нема договор.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.