27 Април, 2024
0.0260

Јосифовски држи „темпо“ со откуп на нови акции на Макпетрол

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Андреја Јосифовски, претседателот на управниот одбор на Макепетрол, продолжува со одржување на „темпото“ на отуп на акции на Макпетрол со што го зголемува својот удел како и можноста за влијание преку акциите со право на глас во компанијата. 

Точно еден месец по откупот на 300 акции во текот на септември, така и сега за последните 30 дена Јосифовски вложува уште пеесетина илјади евра со купување на нови 100 акции. 

Вредноста на акциите на Макпетрол на Македонска берза варираше во текот на октомври, па од почетната цена од 29.400 денари денес на 25 октомври се спушти на 28.000 денари. 

Инаку ова е трета по ред трансакција на директорот Јосифовски кој во јули откупи околу 60 акции. Неговиот пример го следи и Саша Лекиќ, членот на Управниот одбор кој во изминатите 30 дена се стекнал со 50 акции.

Минатата година Јосифовски како и повеќе директори од Управниот и Надзорниот одбор на Макпетрол исто така вложуваа десетици илјади евра за откупување на акции од нафтената компанија. 

Макпетрол по остварената добивка за 2016 година додели и дивиденда од 1000 денари за една обична акција, а на акционерите вкупно од дивидендниот „колач“ им подели по 112.382.000 денари. 


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност