Јосифовски побара од Бесими да се укине царината за увоз на природен гас
Објавено во: Економија 18 Септември, 2020
Државата да размисли и да ја укине царината за увоз на природен гас, затоа што со пониската цена на овој енергенс ќе се стимулира потрошувачката, рече Андреја Јосифовски, директор на Макпетрол на денешната средба со Стопанската комора на која барањата на бизнисот ги слушаше Фатмир Бесими новиот министер за финансии.
Јосифовски рече дека ова ќе значи директно стимулирање на потрошувачите да се ориентираат кон користење на овој енергенс а тоа е еколошки оправдано. Јосифовски рече и дека Владата треба да размисли и законски да ја регулира акцизата на екстралесното гориво за домаќинства за која веќе имаше одлука за зголемување односно изедначување со акцизата на дизелот која ја донесе техничката влада.
Бесими му одговори дека треба да с епровери дали овие мерки ќе имаат финансиски импликации. но рече дека има економска логика со законски измени да се регулира на ваков начин акцизата. За царината за увоз на природен гас рече дека поради тоа што станува збор за еколошко гориво тоа треба да се разгледа.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.