19 Декември, 2025
0.0943

Јове Кекеновски станува директор на најголемиот земјоделски комбинат во Македонија

Објавено во: Економија 14 Јули, 2025 09:43

Добивај вести на Viber

Јове Кекеновски, некогашниот лидер на згаснатиот Фронт за демократска Македонија, станува еден од петте директори на Управниот одбор на најголемиот земјоделски комбинат Пелагонија АД Битола.

На следната седница на собранието на акционери што ќе се одржи на 11 август, предвидена е точка на која треба да се разреши Салаудин Арифи, а Кекеновски да се назначи за нов неизвршен и независен член на Одборот на директори.

„За неизвршен и независен член на Одборот на директори на Земјоделскиот комбинат ПЕЛАГОНИЈА АД Битола СЕ ИЗБИРА И НАЗНАЧУВА:  Јове Кекеновски од Скопје, дипломиран правник, доктор на политички науки, државјанин на Р.С.Македонијa“, стои во една од предлог-одлуките што како најава се доставени до „Македонска берза“.

Поранешниот жесток критичар на пребеганиот некогашен премиер Никола Груевски е единствената промена што се најавува во Управниот одбор, додека останатите членови - Цветан Панделески, Весна Белешовска Бунтеска, Александар Георгиев и Анета Ѓоргиев, остануваат во ист состав.

Фронт за демократска Македонија престана да постои во 2020 кога актуелниот премиер Христијан Мицкоски како тогашен опозициски лидер објави дека оваа партија повторно коалициски ќе се интегрира во структурите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кекеновски е најавен како некогашен претседавач на Советот на Град Скопје, државен секретар во Министерството за животна средина, предавач на четири домашни универзитети и на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, претседател на УО на ЈСП-Скопје, член на УО на Дирекцијата за слободни економски зони, како и член на УП на Одборот за акредитација во високото образование. 

ЗК Пелагонија Битола е најголемата житница во земјата, но поседува и голем број на сточни грла и посеви за производство на сточна храна.  Ја поседува млекарницата Здравје Радово, како и биогасна електроцентрала. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?