05 Декември, 2025
0.3487

ЈСП пак ќе се обиде да воведе „паметни“ билети

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2014 11:08

Добивај вести на Viber

По петти пат ЈСП распиша меѓународен оглас за набавка и монтирање на систем за автоматска локација на автобусите и за електронски систем за наплата на билетите. Избраната фирма ќе има обврска двата системи да ги воведе за помалку од 46 месеци. Проценетата првична вредност на проектот е околу два милиони евра, објави „Дневник“. Досега пропаднаа четири тендери за да се воведе ваков систем, а според надлежните, причината за неуспехот е во тоа што системот е сложен и потребно е време технички да се дизајнира тендерот. Овојпат од ЈСП се уверени дека тендерот ќе биде успешен и оти ќе добијат систем што во голема мера ќе го модернизира јавниот превоз во Скопје. Со автоматската локација, патниците на автобуските стојалишта на електронски табли ќе добиваат информации за колку време ќе стаса автобусот што го чекаат. Возилата ќе бидат следени преку сателит и информациите ќе се проследуваат во реално време. Избраната фирма ќе има задача да постави 40 информативни дисплеи на автобуските постојки, преку кои патниците ќе добиваат информации за пристигнувањето на автобусите. Во сите автобуси ќе треба да постави ГПС-уреди за сателитско следење на возилата и да опреми диспечерски центар за нивно следење, кој ќе биде сместен во рамките на Студентскиот дом „Kузман Јосифовски-Питу“. Со системот за електронска наплата, односно со воведувањето таканаречени „паметни“ билети, ќе се избегнат билетите од хартија и ќе се скрати времето на влегување на патниците во возилата. Граѓаните што се возат со јавниот превоз ќе си купуваат електронски припејд-картички, кои ќе ги дополнуваат со толку пари колку што сакаат, а при влегувањето во автобус ќе ја приближат картичката до читач, кој од неа ќе им одземе сума колку што чини возењето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија