06 Декември, 2025
0.0682

ЈСП: Стартува бесплатното возење за пензионери во недела

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2014 20:49

Добивај вести на Viber

Бесплатното возење за пензионери во автобусите на ЈСП - Скопје во недела започнува веќе неделава. „Штом ќе се исполнат условите, ќе почне да се применува одлуката за бесплатен превоз и во недела. Доколку во наредната седмица се конституира парламентот, тогаш и од наредната недела и ќе почне да се применува оваа одлука што ја донесе Советот на Град Скопје“, најави директорот на ЈСП Мишо Николов. Со оглед на тоа што Парламентот е веќе конституиран, не постојат веќе пречки за одлуката да почне да се применува. Пензионерите досега во автобусите на градскиот превоз во Скопје се возеа бесплатно во вторник, петок и сабота. Одлуката за „бесплатна недела“ беше донесена уште пред  изборите, но не можеше да се применува заради одредбите во Изборниот законик. Во предизборната програма ВМРО-ДПМНЕ вети и бесплатен градски превоз за студентите во четврток, но ова сеуште не поминало во Советот на Град Скопје. Со оглед на драстично зголемениот број на патници во автобусите на ЈСП во деновите на бесплатен превоз за пензионери, претпријатието најави дека ќе им излезе во пресрет на скопјани и ќе го засили бројот на возила на најфрекврентните линии. По уште едно возило ќе биде пуштено на линиите „2“, „5“ и „57“, а по потреби и повеќе, најави Николов, додавајќи дека потребата била согледана врз основа на податоците за бројот на патници кои го користат јавниот градски превоз.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија