Југохром не работи, Тетово загадено, работниците на протест
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2016 19:04
Фабриката Југохром е привремено затворена поради наредбата да бидат поставени филтри но, и во овој период мерењата покажуваат дека воздухот во Тетово и околината и натаму високо загаден. Токму затоа синдикалното раководство на Југохром најави одржување на нови протести бидејќи се наоѓаат во очајна финансиска состојба и нивната егзистенција е загрозена со намалените приходи што не земаат цела плата.

Претходно, Бајрам Амити, синдикалниот лидер на Југохром, во интервју за Фактор посочи дека постои можност фабриката да работи и истовремено да бидат поставени заштитните филтри за отпрашување што ќе ги исполни барањата на Министерството за животна средина.
Исто така потенцираше дека не е направена прецизна анализа кој е главен виновник за загадувањето во тетовскиот регион, но дека фабриката нема значајно влијание како што се прават обиди тоа да се претстави.
Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството бара од надлежните органи да ја повлечат мерката забрана за работа на „Југохром“. За четврток најавуваат протест пред Министерството за животна средина. Образложуваат дека и во услови кога компанијата не работи мерните станици во Тетово бележат висока концентрација на штетни честички во воздухот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




