17 Декември, 2025
0.0670

Југословенската гордост замина во рацете на странци

Објавено во: Балкан 26 Август, 2014 19:42

Добивај вести на Viber

Откако беа продадени „Меркатор", „Фруктал" и „ Дрога Колинска", и последниот словенски бренд „Горење", не е веќе во домашни раце. По успешното преживување на транзицијата и три докапитализации искажани преку вкупна вредност од 36,6 милиони евра во последната година ипол, сега 51,9 отсто од сопственичкиот удел во „Горење" држат странци, пренесува „ Пословни дневник". Во оваа компанија која повеќе од половина век произведува куќни апарати, најмногу удел зад кој стои странски капитал имаат: „Меѓународната финансиска коорпорација" (ИФЦ) со 11,8 отсто и јапонската групација „Панасоник" со 9,5 отсто, која во „Горење" инвестирала 10 милиони евра во 2012 година. Иако Управниот и Надзорниот одбор на компанијата во август 2013 година изнеле проекција дека имаат намера со докапитализацијата во три груга, акционерскиот капитал да го зголемат од 66на 129 милиони евра, тоа не се реализирало. Имено, со извештајот за работа за првите шест месеци годинава, објавен е податок дека акционерскиот капиталот изнесува 101 милион евра. Компанијата „Горење" за половина година остварила приход во висина од 601 милион евра. Со оглед на тоа дека минатата година, во првите шест месеци „Горење" покажа губиток од 7,8 милиони евра, оваа година засега носи позитивни требдови. Словенците долги години им одолеваа на предизивиците за приватизација, задржувајќи ги под државна стратегија најголемите компании наспроти нивното лошо работење. Според „Пословни дневник", најдобра илустрација за противење на влегувањето на новите сопственици е поврзана со „Меркатор", кој станува дел од „Агрокор". Во меѓувреме од лепезата на некогашните компании, српски „Нектар" го презеде „Фруктал", а хрватската „Атлантик група" ја зема „Дрога Колинска". Европската комисија деновиве инсистира на стечај на „Елан", поради незаконско работење, а на 15 фирми, чиј мнозински сопственик е државата, приватизација е закочена поради вонредните парламентарни избори одражани неодамна. К.К.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни