19 Декември, 2025
0.0688

Јулијана, првата вработена Македонка со Даунов синдром

Објавено во: Економија 21 Март, 2013 12:20

Добивај вести на Viber

-Сакам да ги урнам бариерите. Сакам да работам, да бидам своја. Да имам мој личен успех, а тоа е мојата работа, но и моето образование. Завршив средно училиште за графичар, работам во печатница, па веќе шест години секој ден доаѓам на работа. Kако и секоја девојка на 28 години, обожавам шопинг, на тоа ја трошам својата плата. Но, секако, знам дека треба и да штедам, па имам моја книшка. Моја желба е да станам главна во фирмата, засега сум само помошник-графичар. Јас тоа го можам, знам странски јазик – српски, го научив од серии на телевизија, ама и многу сум вредна, сакам да работам - вака себеси се гледа во иднина Јулијана Петровска единствената Македонка со Даунов синдром што успеала да се вработи. Поради предрасуди, стигматизација или незнаење, многу често граѓаните бегаат од децата со Даунов синдром, но и некои родители не сакаат да се помират со фактот дека детето има таков синдром и дека му треба стручна помош. Здружението „Тризомија 21“ со години им помага на овие лицата. Има многу лица што и покрај синдромот, ги надминуваат и сопствените граници. Тоа се лица што имаат ограничена интелигенција, но фрапира фактот дека тие се извонредни уметници, поети, вредни работници, но и големи пријатели. Тие се инспирација, вели Петровска за Дневник.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар