07 Октомври, 2024
0.0251

Јункер: Ципрас ги лаже своите гласачи

Објавено во: Балкан, Економија 17 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја обвини грчката влада дека ги лаже своите гласачите. Неговата изјава е како одговор на обвинувањата на премиерот Алексис Ципрас дека кредиторите се обидуваат да ја „понижат“ неговата земја, пренесе „BBC“.

Јункер објаснил дека грчката влада не ја кажува вистината за предлозите на спасувачкиот план.

Европската комисија и предлагала на Грција програма за помош од 35 милијарди евра до 2020 година за поддршка на инвестициите во замена за реформи, изјавил Јункер.

„Оваа дискусија сепак требаше да се води како во Грција, така и надвор од неа, ако премиерот на Грција го зборуваше токму она што јас всушност му го нудам. Ја обвинувам грчката страна дека пред својот народ зборува работи кои не одговараат на она што сум го рекол на грчкиот премиер“, посочил во остро обраќање Јункер.

Според Ципрас кредиторите настојувале за зголемување на ДДВ-то за струјата. Други грчки министри пак ги критикуваат предлозите за зголемување на даноците за лековите.

Сепак Јункер изјавил: „Не го поддржувам зголемувањето на ДДВ-то за лековите и струјата и премиерот го знае тоа. Тоа ќе биде голема грешка“. Тој исто така, истакнал дека не го поддржува зголемувањето на цените на производите и медикаментите и „е длабоко загрижен од сиромаштијата, толерирана од најсиромашниот дел од населението“.

Јункер изјавил дека не му е грижа за грчката влада, туку за грчкиот народ. Тој рекол исто така дека нема врска со грчката Влада, бидејќи преговорите немаат никаков напредок.

Во вторникот Атина повторно нагло ги влоши работите пред средбата на министрите за финансии од еврозоната, која започнува во Луксембург за два дена откако грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис ги обвини кредиторите на земјата за „садизам“. Според него целта им е распад на Европската унија. Предложените мерки не се решение на финансиската криза, туку за понижување на Грците.

Ден порано и премиерот Алексис Ципрас изјавил дека Атина е подготвена трпеливо да ги чека кредиторите да станат реални во своите барања кон земјата со која преговараат по листа со реформи во замена за витално финансирање. Во статија за локалниот весник „Ton Syntakton“, цитирана од „BBC“, Ципрас пишува: „Ќе чекаме трпеливо додека институциите се вратат кон реализмот“. Според него само „политичкиот опортунизам“ ќе ги натера да побараат ново кастрење на пензиите - еден од спорните прашања во преговорите, поради кое во неделата беа прекинати преговорите и се без резултат.

Кредиторите објавија дека Атина не успеала да понуди ништо квалитативно ново. Европската комисија соопшти дека во текот на преговорите е одбележан познат напредок, но предлозите на Грција уште суштински се разминуваат со барањата на кредиторите за годишни заштеди во буџетот во износ од 2 милијарди евра, или околу 0,5-1 проценти од бруто домашниот производ. Истовремено Брисел објави дека министрите за финансии на еврозоната ќе се занимаваат со проблемите на својата средба во четврток, а тоа ќе е „последен обид за постигнување на договор“.

Од 2010 година, кога почна должничката криза во Грција, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд се предвидени на Атина речиси 250 милијарди евра кредити, кои таа треба постепено да ги враќа. Иако делумното отпишување на долгот на Грција во 2012 година и нејзините обврски во моментов надминуваат 315 милијарди евра, што претставува 175 отсто од БДП. Тоа е три пати повеќе од дозволеното ниво на државен долг за земјите од еврозоната, што според Пактот за стабилност и раст е 60 отсто од БДП.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути