29 Септември, 2024
0.0277

ЈУТУБЕРИ БАРААТ УКИНУВАЊЕ НА КАНАЛОТ НА ЛАЗАРОВ - не стивнуваат реакциите по интервјуто со Латас

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Не стивнуваат реакциите во јавноста по фамозното интервју интервју на новинарот Драган Павловиќ Латас дадено за јутјуберот Стефан Лазарв.

Реакции за нивнот разговор пристигнаа од сите страни, од кои голем дел со осуда за „разговорот“, кое поттикна во јавноста дилема дали она за што раскажува Латас е или не е силување.

На социјалните мрежи се уште овој разговор предизвикува бројни полемики, а гледаноста на видеото експлодираше. 

Поради контраверзниот „разговор“ меѓу Латас и Лазаров голем број твитерџии објавија дека испратиле свои реакции до Јутуб, барајќи да се разгледа содржината и да се отстрани од платформата поради ширење на „насилство“. 



Голем број јутубери и покрај објаснувањето на Лазаров сметаат дека во интервјуто има многу неприкладна содржина, која поттикнува насилство и која ги загрозува правата на жените поради што бараат тој да добие забрана за емитување. 


Осуди за видеото имаше и од Хелсиншкиот комитет, а поради „разговорот“ две компании ја откажаа поддршката за јутуберот Лазаров. 

„Објавеното интервју од јутјуберот Лазаров, каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство.“, напишаа од Хелсиншки.

Всушност повеќе невладини организации, јавни личности и корисници на социјалните мрежи побараа државни органи да реагираат во врска со изјавите на новинарот и водител Драган Павловиќ – Латас дадени во поткаст за јутјуберот Стефан Лазаров, за кој тие сметаат дека содржи промоција на насилство врз жените, како и признание од Латас дека на 14-годишна возраст извршил силување.

Се огласи Латас со објаснување дека не станува збор за силување и промоција на насилство, туку за обид за негова стигматизација.

„Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава, а замисли се уште не е под ваша контрола“, вели Павловиќ.

Тој додава дека тоа може да се види од самото видео, кое го има на мрежата Јутјуб.

Со свое видување излезе и водителот Стефан Лазаров, кој повика да се погледне подкастот во кој Латас во ниту еден момент не вели дека некоја девојка била силувана.

„Жално е што се крева лажна хајка и се оцрнува моето име, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за никакво силување. Никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент некој да биде уништен, и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш“, напиша Лазаров на својот профил на Фејсбук.

Сепак ваквиот одговор од Лазаров беше пречакан со уште поголеми реакции од јавноста.


Голем број луѓе на социјалните мрежи укажаа дека водителот не е свесен за своите грешки, и за штетата која ја направиле со разговорот. 


Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“