16 Јануари, 2025
0.0286

Јужен поток сигурно ќе дојде до Република Српска – кога на ред ќе дојде Македонија?

Објавено во: Македонија 31 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Директорот на компанијата Јужен поток за Србија, Душан Бајатовиќ изјави во Бања Лука дека крак од цевководот за рускиот природен гас сигурно ќе поминува низ Република Српска. Бајатовиќ истакна дека сите индустриски поторшувачи ќе бидат снабдувани со гас под најповолни услови. Тој на новинарите после првиот состанок на меѓуресорната работна група за утврдување  предлог траса на крак од гасоводот Јужен поток низ Република Српска им соопштил дека планираниот капацитет на гасоводот за Република Српска е две милијарди кубни метри. Бајатовиќ кој е и директор на „Србијагас“ потенцирал дека во рамките на овој проект планиран е и на некој начин со руските партнери усогласување за изградба на две централи на гас од 250 MW електрична енергија и 150 MW топлинска енергија. Бајатовиќ истакнал дека е усогласено да се направи план за гасификација на Република Српска. „Кога станува збор за гасоводот „Јужен поток“ низ Република Српска можно е да разговараме и за снабдување на гас на Босна и Херцеговина“, истакнал Бајатовиќ. Тој уште истакнал дека со руските партнери се подготвени во овој проекто да учествуваат со најмалку 50%, а руските банки во потполност да ја финишираат изградбата на гасоводот и гасната централа во Република Српска, Македонија сеуште нема договор за приклучок кон Јужен поток Иако, македонските власти кон крајот на 2012 година најавија дека конечниот одговор за тоа дали кон Македонија ќе биде пуштен крак од Јужен поток ќе се знае на крајот од јануари, сепак досега сеуште нема никаква информација за ова клучно енергетско прашање. Неодамна, министерот за финасии, Зоран Ставрески изјави дека засега сеуште нема никаков договор . „Кога ќе има нешто ќе ве индормираме“, изјави неодамна Ставрески. Фактор веќе објави: Русија бара од Србија да испита дали е технички исплатливо да се пушти крак до Врање Фактор неодамна објави дека српското министерство за индустрија, енергетика и рудасртво (одговорните од секторот за просторно планирање) добиле налог од рускиот гигант „Газпром“ да се снима целата траса на Јужен поток, за да се види дали е техничко изводливо да се пушти крак до Врање и до косовско Мердара, место на српско - косовската граница, дознава Фактор. Според нашите информации ова било договорено неодамна на средба во Москва помеѓу претставници на руски Газпром со српското министерство за индустрија, енергетика и рударство.  Русите бараат да се види дали е возможно освен краците кон Босна и Херцеговина и Хрватска од Србија, природен гас да потече и кон Врање и косовско Мердара. За последниот налог кој надлежните српски власти го добиле од „Газпром“, според информациите до кои дојде Фактор, Србија се огради од ингеренциите дека од овој крак ќе се приклучи и Македонија, тврдејќи дека таквата одлука е сепак надлежност на руски Газпром. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?