29 Септември, 2024
0.0236

ЈУЖЕН ПОТОК: Сите го сакаат, никој пари не вади!

Објавено во: Анализа, Балкан 22 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Балканот не е единствен кој гаи надежи дека Јужен поток ќе му овозможи евтин гас. Проектот кој требаше значително да го олесни животот на овие простори за многумина значи подобар живот. И додека ЕУ продолжуа да ја притиска Бугарија, и секоја друга алтернативна земја која е членка на сојузот секојдневно се плетат нави мрежи и нови можности за проектот. Крим планира да се приклучи кон проектот "Јужен поток", тврди Украина, повикувајќи се на изјава на генералниот директор на гасната компанија "Черноморнефтгаз" Сергеј Беим. Според него за да се поврзе Крим со гасоводот, потребно е само градење на една врска "од две гасоводни цевки, секоја со должина од 16 километри". Потсетуваме дека пред неколку месеци беше распространета информации дека "Газпром" ќе се обиде да ја заобиколи Бугарија, каде изградбата на "Јужен поток" е замрзнат. Тогаш беше споменува варијантата цевките да поминат низ територијата на Крим по патот кон Европа. Овој пат сепак не ги решава проблемите на проектот. Од една страна, веќе има потпишано договори за изградба и испорака на цевките за два од вкупно четирите цевководот на "Јужен поток", кои треба да преминат по претходно договореното рута - од руското пристаниште АНАП до Варна. Од Друга страна, дури и да минува низ Крим, цевките на "Јужен поток" повторно ќе излезат на територијата на ЕУ - но овој пат во Романија, па проблемите со Третиот либерализационен пакет остануваат. Нешто повеќе - Романија веќе изјавува дека не сака да учествува во "Јужен поток". Руските медиуми одамна коментираат дека има пат за "Јужен поток", кој не поминува низ територијата на Бугарија. Во оваа фаза, сепак "Газпром" не ја промени стратегијата и дури склучува договори за изградбата на гасоводот - таков веќе има потпишан со српската државна компанија Srbijagas. Во меѓувреме проблемите за "Јужен тек" ќе останат и по промената на составот на Европската комисија, што се очекува да биде започне со работа од 1 ноември. За време на сослушувањето во Европскиот парламент, мандаторот за енергетски комесар Марони Шефчович коментираше дека проектот е запрен правилно, а ЕУ треба да го поддржи конкурентскиот Јужен гасен коридор како начин за диверзификацијата на гасните испораки. K.K.