ЈУЖЕН ПОТОК: Стратешки исчекор за Македонија!
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2013 08:57
„Енергијата е еден од главните импути на секоја економија. Во Македонија недостсува евтина енергија, а протокот на гас ќе овозможи во иднина да имаме поевтин и ефикасен енергенс. Тоа пред се ќе и помогне на индустријата да супстиура други горива, а секако ќе треба да им ги намали трошоците и на домаќинствата. Се очекува после овој договор, цената на природниот гас значително да се намали и земјава да стане голем потрошувач на овој енергенс. Цената на природниот гас сега е висока затоа што Македонија е мал потрошувач“, изјави за Фактор, бизнисменот Мирче Чекреџи.
За експертите сега веќе не е спорно крак од Јужен поток кон Македонија ќе има
За дел од експертската јавност веќе нема дилема дека Македонија успеа да се избори за приклучок кон мегагсоводниот проект Јужен поток.
„Веќе нема ништо спорно земјава се приклучи кон проектот. Најдобрата работа со потпишувањето на овој договор е што земјава доби алтернатива. Македонија обезбеди уште еден извор за снабдување со природен гас, така што понатаму доколку се појави проблем на еден од гасоводите, Македонија сега ќе има алтернатива“, изјави за Фактор, Димитар Хаџимишев, поранешниот прв човек на македонската енергетска асоцијација.
Друг дел од експертската јавност пак во целиот проект Јужен поток препознава и геополитички ситуации. Доброупатени во проблематиката не ја исклучуваат можноста сега Соединетите американски држави во наредните седум до десет години да ја намалат или уште повеќе преполоват цената на природниот гас за да го неутрализираат руското влијание кога станува збор за цената на природниот гас. Тоа според нив ќе биде добро за сиромашните држави кои би имале пристап до природен гас до многу поефтина цена.
Потпишан еден од серијата договори за Јужен поток
Македонскиот премиер Никола Груевски кој ја предводеше делегацијата во Москва вели дека ова е само еден од серијата на договори кои треба да се потпишат за гасификација. Некаде кон октомври тој очекува потпишување на договор и со „Стројтранс гас“, за изградба на внатрешната инфраструктура.
Како што истакна премиерот Никола Груевски, денешниот е само еден од низата договори кои треба да се потпишат за гасификација.
„Ова е исклучително значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла“, изјави премиерот Никола Груевски.
Еве што предвидуваше дел од спогодбата за соработка која неодамна ја објави Руската влада
Спогодбата која руската влада ја изработила за пуштање крак кон Македонија од Јужен поток немаше прецизирано точни детали. Немаше информација од каде ќе биде пуштен крак кон земјава дали од Србија или Бугарија.
„Откако ќе се потврди исплатливоста на проектот, двете фирми „Газпром“ и „Македонски енергетски ресурси“ ќе формираат заедничка компанија за проектот гасоводен крак, со идентично учество од двете страни (50%-50%) со можност да се приклучат и други акционери“, се наведува меѓудругото во документот кој беше објавен од страна на владата на Русија. Инаку, маршутата на гасоводот и неговиот капацитет ќе бидат дополнително усогласени. Имено, во точката 4 од документот кој е објавен од руската влада стои дека патот на гасоводот, вклучувајќи ги и нејзината географска точка за влез на територијата на Република Македонија, ќе зависи од резултатите од физибилити анализа. Условите на снабдувањето со природен гас се дефинирани во соодветните договори, стои во точката 4. Инаку, конкретните количини, услови и рокови на испорака на природен гас во Македонија треба да се најдат во договорите меѓу „Гаспром“ и „Македонски енергетски ресурси“.
Проектот Јужен поток се реализира со задоцнување
Роковите за почетокот на изградбата на „Јужен поток” ќе бидат испочитувани, иако проектот за гасоводот се реализира со одредено задоцнување, ова при неодамнешната посета на Бугарија го изјави Алексеј Милер, претседател на Управниот одбор на „Гаспром”, кој во Софија имаше работна средба со премиерот Пламен Орешарски и министерот за економија и енергетика Драгомир Стојнев. „Немаме никакви сомнежи дека во декември 2015 година во Бугарија ќе пристигне првата цевка за гас“, изјави првиот човек на „Газпром” Алексеј Милер по средбата. Инаку, почетокот на изградбата на трасата доцни и во Србија, така што речиси тешко е изводливо дека првите количини гас ќе потечат според првично итврдената динамика.
И.М.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





