05 Декември, 2025
0.0294

Јужен поток – толку блиску, а да бидеме искрени, толку далеку од Македонија!

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2013 08:22

Добивај вести на Viber

Македонија е далеку од договор со Русија за мегагасоводниот проект Јужен Поток, Речиси е невозможно без прес конференција на која би се појавиле во најмала рака министерот за финансии, Зоран Ставрески да се соопшти веста дека Македонија станала дел од проектот Јужен поток. Веста која ја лиферуваа медиумите блиски до власта дека Македонија го доби кракот од „Јужен поток“, е само делумно точна. А што вусшност договориле владите на Русија и Македонија? Русија и Македонија како што стои во официјалното соопштение од руската Влада потпишале само спогодба за соработка, што пак е далеку од договор кој би значел дека земјава станала дел од Јужен поток. „Откако ќе се потврди исплатливоста на проектот, двете фирми „Газпром“ и „Македонски енергетски ресурси“ ќе формираат заедничка компанија за проектот гасоводен крак,  со идентично учество од двете страни (50%-50%) со можност да се приклучат и други акционери“, се наведува во документот кој е објавен од страна на владата на Русија. Ако има договорено крак, од каде ќе доаѓа гасот - зошто маршрутата допрва ќе се утврдува? Маршутата на гасоводот и неговиот капацитет ќе бидат дополнително усогласени. Имено, во точката 4 од документот кој е објавен од руската влада стои дека патот на гасоводот, вклучувајќи ги и нејзината географска точка за влез на територијата на Република Македонија, ќе зависи од резултатите од физибилити анализа. Условите на снабдувањето со природен гас се дефинирани во соодветните договори, стои во точката 4. Инаку, конкретните количини, услови и рокови на испорака на природен гас во Македонија треба да се најдат во договорите меѓу „Гаспром“ и „Македонски енергетски ресурси“. Последната точка од договорот без датум Овој договор влегува во сила на денот по последните писмени известувања За завршување на внатрешните процедури од страна на Страните, неопходни за неговото влегување во сила. Договорот важи 30 години. По истекот на овој, договорот автоматски продолжува за сукцесивен период од пет години, освен ако една од страните ја извести другата страна, не подоцна од 9 месеци пред истекот на истиот период, да го прекине овој Договор. Таквото известување ќе биде во писмена форма. Овој Договор може да биде дополнет со писмена согласност на страните. Раскинување на овој договор нема да влијае на обврските од договорите (договори) склучени во рамките на овој договор, во текот на периодот на нејзината важност. Интересно е што на крајот од договорот не се запишани никакви датуми. Ова е интегрално од документот кој е објавен од страна на владата на Русија. Еве го целосниот документ... http://government.ru/media/files/41d475666480b2100dbe.pdf Договот за пуштање крак кон Македонија од Јужен поток требаше да се потпише пред три недели Иако, најавено сепак на економскиот самит во Санкт Петерсбург (кој се одржа од 20 до 22 јуни 2013 година) Македонија не потпиша договор со Русија за вклучување на Македонија кон гасоводниот проект Јужен поток. На самитот македонската делегација ја предводеа министрите за финансии и економија Зоран Ставрески и Ваљон Сарачини, но сепак информација за тоа што се случува со вклучувањето на земјава во проектот Јужен Поток не даде ниту една институција. Инаку, министерот Ставрески на 11 јуни 2013 година, најави дека токму на петерсбуршкиот самит ќе биде потпишан договор за Јужен поток. „Следната недела заедно со премиерот Никола Груевски ќе бидам во Русија. На крајот на неделата во рамките на Форумот во Санкт Петербург ќе се потпише договорот меѓу Русија и Македонија за влегување на нашата земја во Јужен тек“, изјави на 11 –ти јуни, 2013 година, министерот за финансии Зоран Ставрески. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите