06 Декември, 2025
0.0691

Јужен тек пресуши – по Бугарија и Србија најавува прекин на изградбата на гасоводот?

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2014 10:41

Добивај вести на Viber

Клучниот енергетски проект за балканскиот регион, гасоводот Јужен тек е во голема неизвесност. Откако вчера бугарските власти објавија дека ги прекинале работите на изведба на проектот, на барање на Европската комисија, сега и Србија е заглавена - и таму не може да продолжи изградбата.

„Бугарија е јазол, па со самото тоа, додека не завршат разговорите на Бугарија со Брисел и на Европската унија со Русија, и ние стоиме во место. Или додека Русија не одлучи да ја промени рутата. Но, секако, резултатот и на едното и на другото сценарио значи одлагање на работите во нашата земја“, вели српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ.

И министерот за рударство и енергетика на Србија Александар Антиќ признал дека судбината на Јужен тек ќе зависи од обидот да се постигне компромис меѓу ЕУ и Русија.

„Јужен тек за нас е важен и како развоен и како енергетски проект, но е јасно дека Србија е само една држава низ која треба да поминува гасоводот, а дека ние сме, притоа, единствената држава во овој проект, освен Русија, која не е членка на ЕУ“, рекол Антиќ.

Македонија очекуваше да добие крак од гасоводот Јужен тек или преку Србија или преку Бугарија.

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски вчера обелодени дека работата на гасоводот во Бугарија е прекината додека не завршат консултациите со Брисел. Со оваа одлука не се согласува поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, кој смета дека запирањето на Јужен тек е недозволиво.

„Тоа за мене беше целосно неочекувано. Бугарија не треба да биде заложник на геополитички игри на Брисел и не треба да го запре проектот“, изјави Прванов, додавајќи дека „недозволени притисоците и обидите на Брисел да се запре тој проект со политички, геополитички и геостратешки средства“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија