17 Декември, 2025
0.0577

Јужен тек во Србија ќе почне да се гради до крајот на годината

Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2014 20:26

Добивај вести на Viber

До крајот на годината Србија ќе започне со изградба на гасоводот Јужен тек на нејзина територија, изјави српскиот амбасадор во Москва Славенко Терзиќ. „Јужен тек е проект кој има статус на национален приоритет за Србија. Тоа е исклучително важен проект не само за нашата земја, туку и за други земји во јужниот дел на Европа. Очекуваме дека изградбата на Јужен тек ќе започне до крајот на годината“, изјави Терзиќ. Тој смета дека и Бугарија ги очекува резултатите од вонредните парламентарни избори в недела, а потоа ќе донесе конечна одлука за судбината на гасоводот на бугарска територија. Официјална Софија ги стопираше плановите за изградба на Јужен тек, поради спротивставувањето на Европската унија. Јужен тек е инфраструктурен проект на руската компанија Гаспром. Гасоводот со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас треба да поминува по дното на Црното Море, кон земјите од јужна и централна Европа. Првите испораки на гас преку овој гасовод беше планирано да се случат во 2016 година, а во 2018 година да се достигне полниот капацитет за транспорт на природен гас. Заради спротивставувањето на ЕУ и заладените односи меѓу Москва и Брисел, ваквите планови се неизвесни и покрај најавите од Русија дека не се откажува од проектот.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни