05 Декември, 2025
0.0284

Ќе банкротира Кроациа Ерлајнс?

Објавено во: Балкан, Економија 10 Октомври, 2012 15:35

Добивај вести на Viber

Неделникот Глобус во своето ново издание објави сторија за наводен банкрот на Кроациа Ерлајнс. Весникот пишува дека пред Крешимир Кучка кој е одговорен за Компанијата стои тешка задача бидејќи е повикан во Франција, на редовниот собир на бизнис лидери на Ербас, најголемиот европски произведувач на авиони. На средбата,  кој треба да се одржи што е можно поскоро, по можност до крајот на октомври, Кучка мора да објасни зошто Кроациа Ерлајнс не може да ги купи четирите нови Ербас A319 авиони, како што беше договорено. Според Глобус,  во рамките на сегашниот договор, купувањето нови авиони мора да се договори до 1-ви јануари 2013 година, односно веќе требало да биде договорен кредитот за новите авиони во „KFW Ipex“ банка.  Истата банка веќе ја има финансирано компанијата во зделките со  Ербас - па е спремна за  обезбедување на кредитот. Но, во Кроациа Ерлајнс не спремни за ново задолжување кое и онака веќе презадолжената компанија ќе ја одведе во банкрот. Вредноста на зделката со Ербас чини 175.000.000 долари, јавува неделникот. Она што во 2008 година, кога беше договорено да се купат нови авиони изгледало како добра зделка, сега се претвори во опасен финансиско-политичка трилер со неизвесна завршница, пишува весникот. Според Глобус, договорот за купување на четирите авиони милијарди бил услов за Никола Саркози да договори средба со Иво Санадер. 4 години подоцна, долгот достасал за плаќање.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година