05 Декември, 2025
0.1036

Ќе добие ли “Луково Поле“ виза од екологистите?!

Објавено во: Македонија 06 Март, 2013 08:45

Добивај вести на Viber

Според последните проценки, акумулацијата Луково Поле треба да почне да ги произведува првите киловат/часови електрична енергија во 2016 година. Но, ако се земе предвид дека за изградба на Луково Поле потребни се најмалку 4 години, се отвора дилемата дали ЕЛЕМ ќе ги исполни зацртаните планови. Државната ЕЛЕМ бара компанија која ќе изработи стратешка оценка за влијанието врз животната средина за урбанистичко планска документација за проектот “Луково Поле“. За месец и половина јавноста треба да ја има на увид Студијата за заштита на животната средина, чијашто нацрт верзија е веќе готова, откриваат од ЕЛЕМ. “Геолошките испитувања на теренот успешно завршија во предвидениот рок и буџет.  Вкупната инвестиција на „Луково Поле“ е проценета на 62 милиони евра, а со прифаќањето на Светска банка да го финансира овој проект во висина од околу 45 милиони евра, неговата изведба е реалност. Исто така, во моментот, АД ЕЛЕМ изведува подготвителните работи како што се ревизија на проектното решение и дополнителни геомеханички анализи на локацијата што се реализираат  преку  подготвителен кредит од Светската банка во висина од 3 милиони долари. Овој проект ќе обезбеди собирање на дополнителни количини на вода од Корабското сливно подрачје и нивно користење за производство на дополнителни 159 GWh електрична енергија од постојните електрани во Мавровскиот систем“, велат за Фактор од ЕЛЕМ. Во август 2011 година пак, Германската консултантска компанија Поири инфра од склучи договор со ЕЛЕМ за изработка на студија за влијанието врз животната средина од реализацијата на проектот Луково Поле тежок 272.000 евра, кои се дел од кредитот од Светска банка. Поширокиот регион на Луково Поле влегува во националниот парк Маврово. Како потенцијални негативни влијанија од реализацијата на проектот се утврдени градежните работи од поголем обем, користењето материјали, како и промените во локалната хидрологија. Според последните проценки, акумулацијата Луково Поле треба да почне да ги произведува првите киловат/часови електрична енергија во 2016 година. Со изградбата на оваа акумулација се очекува дополнителни 159 гигават-часови електрична енергија, кои ќе се пласираат преку веќе изградените хидроцентрали „Вруток“, „Врбен“ и „Равен“. К.П. фотомонтажа Build.mk

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски