02 Септември, 2024
0.0253

Ќе се градат 13 нови бензински пумпи, државата нуди атрактивни локации

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Државата ќе продава земјиште за изградба на нови бензински пумпи со придружни услужни центри на автопатот кон Грција, како и на повеќе магистрални и регионални патни правци. Ќе се градат и сезонски пазари покрај патиштата, деловни објекти, а се работи и на обезбедување локации за нови аква паркови, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Станува збор за 13  локации за бензински пумпи и приружни услужни центри, од кои шест се на автопатот М1, а останатите на магистрални и регионални патни правци. Земјиштето, кое е во сопственост на држава, ќе се оттуѓува по пат на елекстронска јавна аукција, откако Владата ќе добие мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата. Потоа, според Ѓорѓиев, би можело овие локации да бидат објавени за продажба.

„За сите локации се уредени имотно правните односи, вцртани се маркичките и обезбедена е комплетната урбанистичко-планска документација“, изјави Ѓорѓиев. Нови бензински пумпи на автопатот  долж Коридор 10 Како што информираа од Владата,  новите  вензински станици, заедно со објектите за одмор и рекреација ќе се градат на потегот од Табановце до Гевгелија треба да се градат на следниве локации: - локација Рамниште, катастарска општина Ветерско, општина Велес, -локацијата Чукур Балар, катастарска општина Караслари, општина Велес, --месност Венуле, катастарска општина Грнчиште, општина Градско, --локација Голарија, катастарска општина, општина Росоман, --месност Долна Лака, катастарска општина Корија, општина Демир Капија. -  во постапка е обезбедување на локација за бензиска пумпа и во месноста Кулето, катастарска општина Виничани, општина Градско Нови бензински пумпи на магистрални и регионални патни правци Според најавите, во следниот период ќе се објават огласи за продажба на земјиште и  изградба на нови бензински пумпи и на следниве локации: -  на регионалниот пат Ново Село – Кадрифаково – Велес – Прилеп (Р526), на локацијата  Корија,  катастарска општина Чалошево, општина Велес, -  на магистралниот правец Битола – Беровци - Велес (М5), на локацијата Вереч и локацијата Чука, катастарски општини Веселчани и Тополчани, општина Прилеп, -  на магистрален пат Штип – Радовиш – Струмица (М6), во местата Лакавица и Остреш, катастарска општина Драгоево, општина Штип, -  на регионален пат Куманово – Свети Николе (Р201) во месноста Длги Рид, катастарска општина Свети Николе, - на делницата Штип-Кочани–Делчево (магистрален пат М5), во месноста Бубакиште, катастарска општина Криви Дол, општина Штип. Нови пазари и аква паркови Според владиниот портпарол, со цел е збогатување со содржини на автопатскиот коридор 10, се работи на проектите за отворање на времени сезонски мали пазари за земјоделски и рачно изработени производи на локации кај Куманово, Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, Удово и Смоквица. Исто така, информираше Ѓорѓиев, воо почетна фаза на разработка се проекти за можностите за обезбедување на локации на кои ќе биде возможно отворање на аква паркови. „Првиот просторен потег на кој се разгледуваат опциите е во близина на Велес, кај езерото Младост, а вториот е на потегот помеѓу Струмица и Гевгелија, и за двата проекти се прават анализи и проценки на исплатливоста на проектите, а доколку се утврди целисходност на постапување тогаш ќе се продолжи со обезбедување на процесните претпоставки“, изјави портпаролот. Од Владата се надеваат дека новите проекти ќе помогнат за економскиот развој, обезбедат услови за инвестиции и отворат нови работни места.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение