Добивај вести на Viber
Две турски компании најавија инвестиции во Македонија во 2013-та година, соопштија од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Едната ќе инвестира во сферата на автомобилската индустрија, а другата во медицинска техника. Изградбата на двете фабрики треба да почне во месец март.
Првата компанија АК Ајдин Пластик од Измир ќе инвестира во слободната зона во Штип. Во првата фаза ќе инвестираат 5 милиони евра и ќе вработот околу 30 - 40 лица, додека во втората фаза се очекуваат уште дополнителни инвестиции од 10 милини евра и вработување на уште 50 лица, посочуваат од Агенцијата.
Втората турска компанија која донела одлука својот капитал да го инвестира во земјата е Истем Медикал, која ќе произведува медицинска опрема.Од Агенцијата посочија дека инвестицијата ќе биде во ТИРЗ во Скопје и ќе чини 20 милиони евра, а ќе произведуваат катетрхидрофилни катетери, уролошки системи и останати медицински помагала и треба да вработат 300 лица. Фида.
Од Агенцијата велат дека во тек се преговори со уште три компании кои се заинтересирани за инвестирање во автомобилската индустрија.