Добивај вести на Viber
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Амбасадорот на Народна Република Кина, Цуј Ѕивеи потпишаа договор за соработка за инфраструктурни проекти меѓу кои и изградбата на автопатска делница Миладиновци-Штип, надградба на патна делница Штип-Кочани, изградба на патот Чичево-Охрид и Охрид-Свети Наум.
Активностите кои се предвидени за овие инфраструктурни проекти ќе се реализираат со склучување на договори, спогодби, програми и проекти подготвени од надлежните институции.
Нема проценка колку пари Македионија ќе искористи за овие проекти од вкупните 10 милијарди евра што Кина ги стави на располагање за инвестиции во инфраструктурата во останатите земји. Според Министерот за транспорт, со колку пари Македонија ке се задолжи, ќе зависи од движењето на надворешниот долг на земјава.