Ќе се гради фискултурна сала за децата со церебрална парализа
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2013 15:28
За изградба на фискултурна сала за децата болни од церебрална парализа во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес собрани се 40.000 денари на хуманитарната забава „Сакај за да бидеш сакан“ во рамки на проектот „Играта е храна“.
Во салата ќе се анимираат децата од градинката, но и лицата со посебни потреби под стручен надзор, со цел да се унапреди психофизичкиот развој на најмладата популација. Проектот го спроведува невладина организација за права и демократија „46664“ во партнерство со Здружението на лица со церебрална парализа од Велес и Здружението за спорт, рекреација и анимација „Штурчиња“ од Скопје.
Координаторот на проектот од НВО „46664“, Ана Милевска Ѓеорѓиева најави дека в сабота во салата „Бели Мугри“ хуманитарен концерт за оваа намена ќе одржат пијанистот Илија Настовски и вокалниот интерпретатор Петар Штерјов.
Ефтимија Карбева Лукарова, координаторот на проектот од градинката „Димче Мирчев“, информира дека почнале со адаптација на просторот каде ќе биде сместена спортската игрална.
Претседателката на Здружението на лица со церебрална парализа, Далиборка Златева ги покани граѓаните да присуствуваат на закажаниот хуманитарен концерт.
- Да овозможиме сите заедно да се создаде оваа спортска игрална каде и дечињата и лицата со посебни потреби ќе можат да спортуваат и да ги почувствуваат благодетите што ќе ги нуди, истакна Златева.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





